Европските пари далеку од велешките фирми!

Bez autora
Feb 15 2011

Од европските фондови на Македонија годишно и се достапни 80 милиони евра. Досега мал бројот на компании користеле од овие пари. За жал, меѓу нив нема ниту една велешка фирма. Велешките стопанственици признаваат дека имале идеи, но не знаеле како да ги претворат во пари. Ние досега не бевме доволно информирани и не знаевме каде се сме можеле да конкурираме и од каде можеме да црпиме финансиски средства. Колку и да имавме идеи и проекти не знаевме кои се можностите кои ни се нудат на полето на развој на стопанството. Сега со понудата од страна на Стопанската комора дека ќе ни помогнат во изготвување на проекти ќе побарам средства.

Европските пари далеку од велешките фирми!Од европските фондови на Македонија годишно и се достапни 80 милиони евра. Досега мал бројот на компании користеле од овие пари.

За жал, меѓу нив нема ниту една велешка фирма. Велешките стопанственици признаваат дека имале идеи, но не знаеле како да ги претворат во пари.

- Ние досега не бевме доволно информирани и не знаевме каде се сме можеле да конкурираме и од каде можеме да црпиме финансиски средства. Колку и да имавме идеи и проекти не знаевме кои се можностите кои ни се нудат на полето на развој на стопанството - рече Орце Давчев од металската индустрија "Брако".

Румен Смилев, сопственик на "Малина" признаваат дека досега не сме аплицирале.

- Сега со понудата од страна на Стопанската комора дека ќе ни помогнат во изготвување на проекти ќе побарам средства. Мислам дека овие пари ќе ни бидат добредојдени за побрз развој и се разбира за вработување на нови работници - вели Смилев.

Како компаниите да дојдат до овие пари Стопанската комора пред велешките стопанственици ги претстави модулите преку кои идеите за поефикасно производство и меѓународно поврзување на фирмите можат да придонесат европските пари да стигнат и во Македонија.

- Колсантинг-услугите што за првпат ги нуди Стопанската комора ќе им помогнат и на велешките стопанственици кои имаат идеи, но за истите да ги реализираат им се потребни финансиски средства. Ова е обид како што се развија малите и средни претпријатија од соседните земји, со поволни кредитни линии од европските фондови да се развиваат и нашите компании - рече Ристо Иванов од Стопанската комора на Македонија.

Стопанската комора најави дека во иднина преку Регионалната комора, чие седиште е во Велес ќе има почеста комуникација со стопанствениците. А тие пак, ако ги прифатат советите на Комората ќе си го развијат сопствениот бизнис со што нивната компанија не само што ќе работи подобро, туку ќе обезбеди вработување на немал број невработени лица. Само со користењето на европските пари и развојот на компаниите Велес ќе може не само да го заживее и онака замреното стопанство, туку да го намали и бројот на над 16-те илјади невработени, повеќе од 2.000 стечајци и над 2.500-те социјални семејства.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik